Интернационалната манифестација „Струшка музичка есен“ свечено беше отворена синоќа во х. „Бисер“ во Струга.


Целта на манифестацијата што ќе трае до 8-ми септември е да се овозможи македонското музичко творештво да биде придружено со адекватна истражувачка и научна поткрепа, велат од Сојузот на композитори на Македонија – СОКОМ, кој е организатор на  „Струшка музичка есен“. Манифестацијата се одржува  под покровителство на министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, која синоќа ја отвори музичката есен во Струга.


На симпозиумот ќе присуствуваат 60 еминентни научници од 14 земји од Југоисточна Европа, како и од САД, Велика Британија, Австрија и Германија, а ќе бидат обработени 56 теми.