Во Центарот за јавно здравје од денес започна вакцинацијата против сезонски грип, што ќе се врши секој работен ден од 8.30 до 15 часот.

Во центарот се набавени се 2500 вакцини, со кои ќе се врши вакцинација против трите видови грип- А, Б и Ц. Цената на една вакцина е иста како и минатата година и изнесува 400 денари.

Се препорачува населението навреме да се вакцинира бидејќи се потребни две недели минимум за создавање имунитет и отпорност на организмот. Вакцината против грип, се  препорачува за ризичните групи граѓани- постарите лица со хронични заболувања, помалите лица со намален имунитет и хронични заболувања, како и за лицата кои во текот на својата работа се изложени на заразување како здравствените работници и други струки – полиција, теренски работници, пошта, комуникации итн.

OhridNews