Започнаа подготвителните градежни активности за асфалтирање на улицата „Ирина Гинова – Мирка”.
Денеска се изведува гребење на стариот и оштетен асфалт, се врши тампонирање и валирање. Покрај оваа улица во Велгошти предвидено е во следниот период да се изврши асфалтирање на уште неколку краци од улици, информираат од Општина Охрид.
Градежни активности за асфалтирање, вчера се одвиваа и на улицата „8ми Март“ и на крак од улицата „Дејан Војвода“.
Асфалтираната површина на улицата „8ми Март“ изнесува околу 1500 метри квадратни, односно 250 метри должина и 6 метри ширина, додека на кракот од улицата „Дејан Војвода“ асфалтирана е површина од околу 340 метри квадратни, односно 85 метри должина и 4 метри ширина. Претходно на кракот од „Дејан Војвода“ се постави нова канализациона мрежа, информираа од Општина Охрид.
Финансиските средства за изведување на градежните активности во целост се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
OhridNews













