Со пригодна свеченост , денес, во големата сала на општинската зграда започнаа чествувањата по повод Денот на македонското востание.
Пред бројните присутни гости се обрати претседателот на советот на општина Охрид, Гордана Коњановска, која исткана дека четиригодишната народно-ослободителна епопеја на Македонскиот народ во Втората светска војна, ги постави темелите на новата Македонска држава и го реализира многу вековниот сон на Македонскиот народ за создавање сопствена држава.
– Континтинуираната борба на македонскиот народ резултираше со формирање на самостојна и независна Република Македонија, како единствена државна територија на Македонскиот народ на овие немирни Балкански простори. Затоа, 11 Октомври, не преставува само придружување на македонскиот народ на светската антифашистичка коалиција, туку истовремено неговата големина е во спојување на временскиот континуитет на вековниот сремеж на Македонецот за опстојување на својата територија и приклучување на својот народ и својата држава кон големото Светско семејство на народите, рече Коњановска.
Таа додаде дека во сите периоди на своето опстојување, Охрид бил дел од историските настани кои ја одредувале иднината на македонскиот народ, испишувајќи ја на таков начин сопствената историја и неспорниот придонес во градењето на европската цивилизација.
– Во својот повеќе децениски слободарскиот од, градот доживува континуиран национален, социјален, културен и научен развој кои го продолжуваат неговиот сјај на културна и духовна метропола на македонскиот народ и воопшто на Сесловенскиот свет. И покрај сите специфики на времето во кое живееме, сложеноста на состојбите во кои се наоѓаме, градот успева да ја сочува својата одлика-да биде репрезент на целата македонска историја, традиција и култура, рече Коњановска.
Во рамки на свеченоста настапија учениците од охридската гимназија и пијанистката Емилија Маринова.
OhridNews