Охрид и охриѓани со бројни активности го одбележуваат големиот празник, „Свети Климент Охридски Чудотворец“ – Патронот на градот.

На пладне, во општинската зграда ќе се изврши промоција на книгата „Охридски времеплов“ од авторот Илче Стојаноски, а еден час подоцна, во ОСУ „ Св. Климент охридски“  ќе се оддржи и хуманитарен спортски настан во соработка со Црвен крст под мотото „Со велосипед до похуман свет“.

Со почеток во 18 часот, во Центарот за култура ќе се изврши промоција на  книгите „Влијанието на политичкиот маркетинг и реклама врз мнението на електоратот “ од доц. д-р Мирјана Крлеска и  „ Низ леите на мојата цветна градина“ од Ристана Меруџеска-Мојсоска.

Свечената приредба по повод Патрониот празник на ОУ „ Св. Климент Охридски“- „Мојот град тоа сум јас“ ќе започне во 19 часот и 30 минути.

Во текот на утрешниот ден предвидено е оддржување на низа активности, меѓу кои и свеченото пуштање во употреба на поткровјето од охридската гимназија, промоцијата на книгата од д- р Павле Митрески како и бројни изложби.

Свечената академија во чест на Патронот, организирана од општина Охрид и ОСУ „Св. Климент Охридски“ ќе започне во 19 часот и 30 минути.

OhridNews