Денес  екипите на охридските јавни претпријатија отпочнаа градежни зафати за средување на патеките  што водат кон црквата “Св. Јован-Канео” и  кон плажите Потпеш и Канео.

Насоките за реализација на активностите во овој дел од градот ги презентира раководителот на Секторот за поддршка на градоначалникот, арх. Зоран Рафтоски.

Како што информираат од локалната самоуправа, предвидено е целосно да се реконструираат постоечките потпорни ѕидови, кои претставуваат опасност по безбедноста на минувачите, а заради поголема заштита, ќе се подигнуваат и нови.

Исто така планирано е поставување на ново осветлување, а како што велат од локалната самоуправа, овој простор ќе добие нови зелени површини и хортикултурно ќе се дооплеменува.

OhridNews