Започнаа градежните активности за реконструкција на водоводната линија на улица „Анастасија Узунова“.

Со ова вели градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков во објавата на Фејсбук профилот се подобруваат условите за водоснабдување, а комплетна реконструкција на водоводната линија e во должина од 300 метри.

Претходно од Општина Охрид упатија апел до граѓаните што живеат и гравитираат на овој потег од градот да се придржуваат кон времениот сообраќаен режим додека траат градежните активности.

OhridNews