На 26-ти јануари започнаа изборните активности за нови раководства на Месните ограноци и органите и телата на Здружението на пезнионерите од општините Охрид и Дебрца, кои ќе треба да завршат до 24 февруари во сите 21-ен Месен огранок, за мандатниот период од 2015 до 2019 година.

 

На изборните собири пензионерите ќе бидат информирани за активноста на ЗП во изминатите четири години и предлагање и избор на преставници на Месните ограноци и преставници во Собранието и можни кандидати за другите органи и тела на здружението. Конститутивната седница на Собранието кое ќе брои 31 член, е закажана за 25 февруари, по што ќе следи и избор на нов Извршен одбор од 11 членови наместо досегашните 15 членови, и избор на комисии од по три члена. 

Според препораките на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија во изборната постапка пожелно е да бидат избрани најдобрите активисти во Месните ограноци, потоа запазен да е континуитетот во работата, а посебно да се води сметка и за половата и етничката застапеност во раководствата на Месните ограноци и во другите органи на Собранието и Извршниот одбор. 

Како што информираат од Здружението на пензионерите првиот изборен состанок веќе е закажан за утре (недела) 1-ви февруари во 11 часот во просториите на дирекцијата на комплексот „Гица-Златно јајце“, во Месниот огранок „Железничка населба“, кој ги опфаќа улиците Крали Марко, Железничка, Осми март, Прилепска, Будва, Винковачка, Егејска и Кленоец.

По информирањето и расправата за активноста на Месниот огранок „Железничка“ и на Здружението на пензионерите во 4-годишен период, ќе биде избрано ново раководство на Месниот огранок, а ќе бидат предложени и нови преставници во органите и телата на Здружението на пензионерите на Охрид и Дебца.

OhridNews