Со три победи на домаќините и еден гостински триумф започнаа натпреварите во плејофот од најдобрата кошаркарска лига во светот, НБА.
Гостинската чест ја одбрани тимот на Њу Орлеанс кој со тесни 97-95 славеше против Портланд, додека на домашен терен победи на стартот од серијата забележаа Голден Стејт, Торонто и Филаделфија совладувајќи ги Сан Антонио (113-92), Вашингтон (114-106) односно Мајами (130-103).
Резултати: Голден Стејт – Сан Антонио 113-92 (1-0), Торонто – Вашингтон 114-106 (1-0), Филаделфија – Мајами 130-103 (1-0), Портланд – Њу Орлеанс 95-97 (0-1).
Двојки: Селтик – Милвоки, Кливленд – Индијана, Оклахома – Јута, Хјустон – Минесота.
OhridNews










