Во тек се стручни обуки за невработени лица, кои одделението за ТЛЕР при општина Охрид ги предвиде во Годишната програма за 2015 година како “Активни мерки за подобрување на конкурентноста на пазарот на труд”.

По објавувањето на конкурсот се изврши селекција на кандидатите и се пристапи кон спроведувањето  на бесплатни курсеви од стручните профили заварувачи, готвачи, шивачи и машинисти-фини – подесувачи на машини. Обуките за готвачи  се одржуваат два пати во неделата во просториите на Факултетот за туризам и угостителство под менторство на професори – лидери во едукацијата од областа на угостителството.

Обуките за останатите профили се одржуваат три пати во неделата и ги вршат стручни лица во просториите на ОЈУ „Кузман Шапкарев“.

Од локалната самоуправа најавуваат дека обуките за преквалификација и доквалификација на невработените лица во соработка со соодветни институции и работодавачи, ќе продолжат.

OhridNews