Како дел од подготовките за претстојната конференција „Adventure Next Balkan“ која што ќе се одржи во Охрид од 10 до 12 мај 2016 година, денеска се одржа состанок помеѓу работните групи на Секторот за туризам од швајцарската „IME“ програма и Секторот за туризам од општина Охрид.

На состанокот учествуваа Пјетро Бертиели, професор по менаџмент со специјални фокус групи во туризмот на Универзитетот „St. Gallen“ од Швајцарија, Ангел Јанев, заменик градоначалник на општина Охрид и Габриела Крешини, фокус лице за туризам на „St. Gallen“ од Швајцарија.

На состанокот беше утврдена методологијата за управување со туристичка дестинација по која што ќе се развива Охрид со поддршка на „IME“ програмата. Исто така беа посочени проблемите во областа на авантуристичкиот туризам, како што се безбедноста на турите за активен туризам, управувањето со отпад како и учеството на медиумите во промоција на туристичката дестинација.

OhridNews