По деветти пат, во организација на Охридскиот хор, од 25-ти до 29-ти август 2016 година ќе се одржи Охридскиот хорски фестивал, на кој ќе учествуваат хорови од голем број странски земји.

Пoдготовките за овогодинешното фестивалско издание се веќе започнати, а пријавувањето на учесниците ќе трае заклучно со 1-ви мај 2016 година.

Исто како и во претходните години, фестивалот ќе има ревијален дел и натпреварувачки дел кој опфаќа неколку категории. Пријавените хорови ќе се претстават на натпреварувачките концерти, концертите на духовна, поп и фолк музика. Жири комисијата и годинава ќе ја сочинуваат реномирани лица од музичкиот свет.

Најдобрите хорови избрани од жирито ќе настапат на завршниот концерт каде што ќе се натпреваруваат за гран-прито на фестивалот. Победникот ќе биде награден со диплома: „Гран-при: најдобар хор на фестивалот“.

OhridNews