Согласно Годишната програма за работа на Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици во областа на комунално уредување на oпштина Охрид, а во рамките на тековниот тендер за асфалтирање на пристапни улици и патишта, градежната оператива на економскиот оператор „АС Сењак“ од Кичево деновиве започна со подготвителните активности за асфалтирање и тампонирање на еден крак од улицата „Крум Точко“.
Во рамките на овој проект, ќе бидат асфалтирани вкупно 400 метри квадратни со што ќе се реши долгогодишниот проблем на граѓаните коишто живеат и гравитираат на овој потег од Охрид.
OhridNews