Започнаа уписите на УИНТ „Св. Апостол Павле“ и на ФТУ – Охрид
16.08.12 11:59
На државните универзитети во Македонија денедка започнаа упистите во прва студиска година во академската 2012/2013.
За редовни студенти во државната квота се обезбедни 17.371 место, 7.805 се за квотата редовни студенти со кофинансирање на студиите и 3.812 слободни места има за вонредни студенти.
На Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид има 300 слободни места, од кои 220 за редовните студенти во државна квота и 80 слободни места за квотата редовни студенти со кофинансирање на студиите.
Првиот уписен рок на овој универзитет е на 16-ти 17 август, вториот е на 3-ти и 4 септември и третиот на 15-ти идниот месец.
На Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, годинава во прва година ќе запише 320 студенти.
Според објавениот конкурс најмногу места – 80, се предвидени на насоката Туризам во Охрид, на истата насока на дисперзираните студии во Крушево се предвидени 70 места. На насоката Осигурување во Охрид ќе можат да запишат 50 студенти, на насоката Хотелско-ресторантски менаџмент 35, на Царина и шпедиција 35, на Гастрономија, исхрана и диететика во Охрид 25, а на истата насока на дисперзираните студии во Битола ќе можат да се запишат исто толку студенти.
Првиот уписен рок на Факултетот за туризам и угостителство од Охрид е на 16-ти и 17 август, вториот на 3-ти и 4 септември и третиот уписен рок е на 17 септември.
Ова година охриѓани го прославија празникот Водици и во швајцарскиот град Цуг Мал круг “велики љјуди” (шо би рекол покоен Масимо), се собравме да го прославиме денешниов ден со мезе, па...
Дваесет и четири годишниот Петар Чакарески го извади светиот крст од водите на реката Црн Дрим во Струга Тој беше најсреќен меѓу стотиците верниции кои денеска влегоа во студените речни води во Стр...
Скокот на браќата Лотески во студените езерските води е заштитен знак на одбележувањето на празникот Водици во Охрид Јован и Климе и оваа година ја продолжија традицијата Со одела тие скокнаа во ст...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.