Според објавениот конкурс од министерството за образование, во ОСУ Св. Климент Охридски, во прва година ќе може да се запишат 442 ученици во 13 паралелки и тоа: во гимназиско образование 272 ученици, економско- правна и трговска струка 136, и здравствена струка 34 ученици.
Во ЕМУЦ Св. Наум Охридски слободни места има за вкупно 432 ученици, односно ќе може да се запишат 364 ученици кои во 11 паралелки наставата ќе ја следат на македонски јазик и 68 кои ќе учат во 2 паралелки на албански јазик.
Во угостителско- туристичкото средно училиште Ванчо Питошески, ќе може да се запишат 306 ученици во угостителско- туристичка струка и 34 во прехранбена струка.
Во општина Охрид, годинава осмо одделение завршија 609 ученици.
На ниво на Македонија, за учебната 2011/2021 година согласно конкурсот за запишување на ученици во средните училишта предвидени се 35.394 слободни места во 1.041 паралелка.