Постигнатите резултати во првото коло, во новата сезона во Лига Европа, најавуваат дека ова натпреварување може да биде возбудливо и неизвесно до самиот крај.
Македонскиот фудбал оваа сезона во Лига Европа е преставен со тројца фудбалери: Муарем Муарем одигра 80 минути во ремито помеѓу Карабах и Сент Етиен, Аријан Адеми го одигра целиот меч за Динамо Загреб кој со 5-1 ја совлада Астра, а Бесарт Адбурахими играше од 65 минута за Локерен кој загуби во Варшава од Легија со 1-0.
Интер, кој е еден од фаворитите за титулата, како гостин го совлада Дњипро, а значајна гостинска победа забележа и Динамо Москва над Панатинаикос. Во дербито Борусија и Виљареал, во Менхенгладбах, ги поделија бодовите, а без победник заврши и мечот Салцбург-Селтик.
Покрај Динамо Загреб, убедливи победи во првото коло ја забележаа ПАОК во дуелот со Динамо Минск, Јанг Бојс против Слован и Стеауа против Олборг. Стандард ја совлада Ријека, додека рутински победи запишаа Евертон, Севилја, Наполи, Динамо Киев и Фиорентина.
Резултати :
Група А: Аполон-Цирих 3:2, Борусија-Виљареал 1:1
Група Б: Бриж-Торино 0:0, Копенхаген-Хелсинки 2:0
Група Ц: Бешикташ-Астерс 1:1, Партизан-Тотенхем 0:0
Група Д: Динамо Загреб-Астра 5:1, Салцбург-Селтик 2:2
Група Е: ПСВ Ајндховен-Есторил 1:0, Панатинаикос-Динамо Москва 1:2
Група Ф: Карабах-Сент Етиен 0:0, Дњипро-Интер 0:1
Група Г: Севилја-Феенорд 2:0, Стандард-Ријека 2:0
Група Х: Евертон-Волфсбург 3:0, Лил-Краснодар 1:1
Група И: Наполи-Спарта Прага 3:1, Јанг Бојс-Слован 5:0
Група Ј: Рио Аве-Динамо Киев 0:3, Стеауа-Олборг 6:0
Група К: Фиорентина-Генган 3:0, ПАОК-Динамо Минск 6:1
Група Л: Легија-Локерен 1:0, Металист-Трабзон 1:2.
„Макфакс“