Денеска со првите мечевите од фазата по групи започнува 13-то Европско првенство во машки ракомет кој до 28 јануари ќе се одржува во Хрватска. Шеснаесетте најдобри селекции од Европа земјата домаќин ќе ги пречека во четири градови Загреб, Сплит, Вараждин и Пореч.

Репрезентациите учесници на ЕП поделени се во четири групи по четири селекции, а пласман во втората фаза обезбедуваат најдобрите три од секоја група. Потоа, се вкрстуваат по две групи и селекциите играат уште по три натпревари. Првите две селекции во групата од втората фаза одат во полуфиналето, додека останатите разигруваат за место погоре.

Титулата на овој евро-шампионат ја брани селекцијата на Германија која до тронот стигна на Европското првенство во Полска. Актуелниот првак воедно е еден од противниците на Македонија во третата група заедно со Словенија и Црна Гора. Првична цел на „црвено жолтите“ во четвртото учество по ред, петто а вкупно е пласман во втората фаза, за тоа неопходна една победа. Шансата сите ја гледаме во Црна Гора. Но, со тактичките замисли на селекторот Раул Гонзалез, желбата и мотивите на Кирил Лазаров за игра и поддршката од публиката Македонија може да се надигрува со било која репрезентација па макар тоа биле Европскиот шампион и носителот на бронзен медал од последниот Мундијал, Словенија.

Околу фаворитите на континенталниот собир нема многу големи дилеми. За разлика од Светско на Европско првенство не можат да штедат силите и од првиот меч се почнува со јако темпо. Помеѓу фаворитите се одвојуваат Германија, Франција, Норвешка и домаќинот Хрватска.

Мечевите започнуваат денеска, а на програмата се дуелите од А и Б групата.

Двојки:

Група А: Шведска – Исланд (18:15ч), Хрватска – Србија (20:30ч)

Група Б: Белорусија – Австрија (18:15ч), Франција – Норвешка (20:30ч).

OhridNews