Чекањето и одбројувањето до најголемиот спортски настан во светот завршија. Русија, почнувајќи од денеска па се` до 15 јули ќе биде домаќин на 21-то Светско првенство во фудбал.
32 селекции поделени во осум групи ќе бијат битка за трофејот „Жил Риме“ и четиригодишниот питет светски фудбалски владетел к.
Честа да го отвори Мундијалот ќе ја има селекцијата на Русија која ќе се сретне со Саудиска Арабија во 17 часот, а претходно како што е најавено ќе има спектакуларно отварање.
Од утре (петок) почнува фудбалскиот маратон со мечевите во три или повеќе термини.
Бранител на трофејот е германската селекција, а најуспешна репрезентација е Бразил со пет титули.
OhridNews