Германија од денеска (1 декември) до 17 декември ќе биде домаќин на 23-то Светско првенство во ракомет во женска конкуренција.
На Мундијалот учествуваат 24 селекции, а тие се поделени во четири групи по шест селекции. Пласман во нокаут фазата од Мундијалот обезбедуваат најдобрите четири од сите групи.
Мечевите во групи и во нокаут фазата подоцна ќе се играат во два термини 17:30 и 20:30 часот. Честа да го отвори Мундијалот ќе има домаќинот Германија со дуелот против Камерун во 19 часот.
Групите:
Група А: Франција, Романија, Шпанија, Словенија, Ангола, Парагвај
Група Б: Норвешка, Шведска, Чешка, Унгарија, Аргентина, Полска
Група Ц: Данска, Русија, Бразил, Црна Гора, Јапонија, Тунис
Група Д: Холандија, Германија, Србија, Јужна Кореја, Кина, Камерун.
OhridNews