Со свечено отворање денеска во 11:00 часот, во Конгресниот центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид, ќе започне дводневната 51. Меѓународна научна конференција, на која ќе учествуваат 85 македонисти, филолози, слависти, балканолози, културолози, академици, емеритуси, раководители на Катедри на лекторатите, професори, научни истражувачи, лектори и преведувачи.

Слоганот на конференцијата „75 за 75“ се однесува на „75 реферати за 75 години УКИМ“.
Меѓународна научна конференција се одржува веднаш по завршувањето на 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ, која доживеа огромен успех.
По конференцијата, ќе следува публикување на Зборник предавања од 57. Летна школа и Зборник на трудови од 51. Меѓународна научна конференција.
OhridNews











