Селекциите на Полска и Португалија со дуелот „Велодром“ во Марсеј ќе ги отворат четвртфиналните пресметки на Европското првенство во Франција.


Една од овие две селекции ќе обезбеди учество во 1/2 финалето каде ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Велс и Белгија кој на програмата е во петок.

Ниту предводникот на Португалија, Кристијано Роналдо ниту предводникот на Полска, Роберт Левандовски го немаат кажано последниот збор на ЕП, затоа сите очекуваат натпревар со многу возбудувања.

Мечот се игра во 21 часот, а ќе го суди германскиот арбитар Феликс Брих.

OhridNews