Започнува целосна реконструкција на улицата „Ѓорче Петров“. Денес на терен започнаа активностите за гребење на стариот асфалт.
Во рамки на проектот опфатено е поставување на нова водоводна и атмосферска линија, нови торотоарски површини, ново осветлување и поставување на асфалт во должина од 330 метри, информираат од Општина Охрид.
Вкупната вредност на проектот изнесува 11 000 000 денари. Средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
OhridNews