Започнува целосна реконструкција на улицата „Ѓорче Петров“. Денес на терен започнаа активностите за гребење на стариот асфалт.

Во рамки на проектот опфатено е поставување на нова водоводна и атмосферска линија, нови торотоарски површини, ново осветлување и  поставување на асфалт во должина од 330 метри, информираат од Општина Охрид.

Вкупната вредност на проектот изнесува 11 000 000 денари. Средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.

OhridNews