Од сабота во земјава започнува долгонајавуваната дигитализација, а програмите на македонските телевизии ќе добијат поквалитетен тон и слика, уверуваат надлежните институции.

Како што информираат надлежните, петте национални телевизии и една регионална веќе се поврзале на дигиталната платформа на „Оне“, кој го доби тендерот од страна на Агенцијата за електронски комуникации.
Според Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, преку оваа платформа се овозможува креирање нови работни места и се овозможува подобрување на медиумскиот сектор.
„Од една страна граѓаните ќе добиваат поквалитетна слика, а од друга страна медиумите ќе можат да прикажуваат повеќе и поразлични програми.“ – истакна Ивановски.
Директорот на АЕК, Роберт Ордановски, истакна дека со новиот сигнал кој е отпорен на секакви влијанија се добива екстремно подобар квалитет.
Од Советот за радиодифузија и од АЕК ги советуваат граѓаните кај кои ќе има лош квалитет на сликата да пријават во надлежните институции за проблемот да биде отстранет.
Инаку, Македонија е првата земја во регионот која ќе го исклучи аналогниот сигнал.
OhridNews












