Со првата сабота од месец септември, поточно од 2 септември, ЈП Охридски Комуналец започнува реализирање на есенскиот циклус на акциите за подигнување кабаст и зелен отпад на територијата на Општина Охрид, согласно Календарот за 2023 година.
Во сабота ќе се организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) од У.З.1 Стар Град. Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 02.09.2023 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот, велат од претпријатието.
Воедно потсетуваат кабастиот отпад дека треба да е уредно оставен до контејнерите или други пристапни места предвидени за подигнување комунален отпад.
OhridNews