Вечерва, со почеток во 21 часот во хотелот Ривиера, ќе бид еотворено 10- то по ред издание на Интернационалниот натпревар за млади музичари Охридски бисери- 2011.


Во текот на петте дена, свој настап ќе има секој од пријавените 118 учесници, млади музичари од голем број европски земји. Нив ќе ги оценува интернационално жири кое брои 15 члена, и е составено од врвни музички педагози од цела Европа.
 
На 20- ти јуни ќе се одржи финалната вечер на која ќе бидат прогласени имињата на годинешните наградени учесници. 

Организатор на настанот е Здружението на музички педагози на Македонија.

OhridNews