Започнува испитувањето на староста на Охридското Езеро
01.04.13 07:00
Универзитетот во Келн, Германија, со поддршка на Хидробиолошкиот завод од Охрид, според најавите, денеска ќе отпочне со реализација на големиот научен проект за утврдување на староста на Охридското Езеро, климатските промени и настанувањето на живиот свет во него.
Дупчењето ќе биде вршено на 5 точки на езерското дно кои се избрани врз основа на сеизмичките, седиментолошките и тектонските испитувања, извшени во периодот од 2004-2011 година.
Проектните активности се планирани да траат 60-на дена.
Охридско Езеро е најстарото европско езеро кое го одликува континуитет на постоење од неговото создавање па се до денес. Тоа е длабоко олиготрофно езеро кое припаѓа во групата на прастари езера кои се одликуваат со специфичен животински и растителен свет кој обилува со ендемични и реликтни форми. Иако во литературата преовладуваат различни ставови за староста на езерото (од 2-10 милиони години) сепак староста од 3-5 милиони години се смета за најверодостојна. Утврдувањето на точната старост и потеклото на Езерото е токму главната цел на меѓународниот проект со работен наслов SCOPSCO (Scientific Collaboration on Past Speciation Conditions on Lake Ohrid)-Научна соработка за проучување на условите на специјација во Охридско езеро, информираат од Хидробиолошкиот завод.
Проектот го финансира германската фирма ICDP, која ангажирала англиска платформа и американски оперативци за извршување на активностите.
Се претпоставува дека пред милион години овде еруптирала вулканска лава, а тоа и треба да го докажат поленовите честички кои остануваат неразложени и може да бидат потврда на милениумската старост на Охридското Езеро. Во проектот кој има одобрение од македонската влада, ќе учествуваат и домашни истражувачи чие ангажирање ќе биде од непроценливо искуство.
Во НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, денес се одржа традиционалната манифестација „Миладиновско слово“, организирана од Фондацијата „Браќа Миладиновци“ Настанот годинава беше посв...
Екипите на јавните претпријатија и денес активно работат на санирање на последиците од дождовите што го зафатија Охрид, информираат од Општина Охрид Денеска се работи на проширување на коритото од ...
Денес во манастирот СвКлимент и Пантелејмон – Плаошник, се отслужи Света Заупокоена Литургија на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот на Дебарско – кичевск...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.