Собранието претходно го продолжирокот за доставување кандидатски листи за советници и градоначалници до 8 март на полноќ, од страна на регистрирани политички партии или коалиции.
Во општина Охрид ќе се гласа на 73 избирачки места, а право на глас имаат вкупно 50.686 граѓани.
Во првично дадениот рок за поднесување кандидатури и советнички листи, 16- ти февруари, до ОИК беа поднесени 4 листи со кандидати за градоначалник на општина Охрид и 11 листи со кандидати за членови на советот на општина Охрид.
Од коалицијата на ВМРО- ДПМНЕ предложен кандидат за градоначалник е д- р Никола Бакрачески, Социјалдемократската унија ќе го подржи кандидатот м- р Васил Ристески, кандидат на Социјалдемократската партија на Македонија е Александар Митрески, и од ДПА Фетах Елмаси.
Од страна на политичките партии поднесени се вкупно шест листи со кандидати за членови на советот. Носител на поднесената листа од коалицијата на ВМРО- ДПМНЕ е д- р Јованка Точко, на листата од Социјалдемократска унија- Ристо Шокароски, Демократска обнова на Македонија- Лета Филипова, листата на Демократската унија за интеграција ќе ја предводи Мустафа Џафер, Демократска партија на Албанците- Васфи Доко и носител на поднесената листа од партијата Национална демократска преродба е Агрон Речи.
Од страна на група избирачи се поднесени пет листи со кандидати за членови на советот чии носители се: Павел Попоски, Љупчо Настоски , Александар Станкоски, Кујтим Усеини, Зоран Стевоски.
За градоначалничката функција во општина Струга, засега во трка се д- р Владо Кочоски од ВМРО- ДПМНЕ, кандидатот од ДУИ Арбен Лабеништа и од ДПА Зијадин Селја. Во Струга ќе се гласа на 78 избирачки места, а право на глас имаат 56.341 гласачи.
Во општина Дебрца, засега познати се кандидатите од ВМРО- ДПМНЕ, Игор Трајкоски и независниот кандидат Зоран Новаковски.Ќе се гласа на 28 избирачки места, а во избирачкиот список евидентирани се вкупно 4.569 гласачи.
Колкава ќе биде вкупната бројка на учесници на овие локални избори се очекува да се знае откако ќе заврши рокот кој вторпат се продолжува, на 8- ми март.
Се очекува ДИК повторно да направи измени на роковникот, а исто така по потврдувањето на листите треба да се изврши жребување меѓу новопријавените кандидати. Според најавите од ДИК по првото продолжување на рокот кој беше до 3 март на полноќ, редните броеви на кандидатите кои доставија листи во законски предвидениот термин односно до 16 февруари остануваат исти, а единствената листа на кандидати ќе биде дополнета само со новопријавените кандидати.