
Изборите за претседтаел на државата ќе се одржат на 22 март заедно со изборите за градоначалник и членови на Советот. Овие избори се сметаат за клучен тест за демократските капацитети на државата што е еден од главните критериуми кои на Македонија и ги постави ЕУ, за евентуално отпочнување на пристапните преговори и симнување на шенгенската бариера. Оттаму одговорноста како на политичките партии и другите учесници во изборите, како и на граѓаните е огромна. Влогот е иднината на државата.
Како што е познати, во трката за претседател на државата се 7 кандидати:
1. Имер Селмани – Нова Демократија
2. Мируше Хоџа – ДПА
3. Нано Ружин – ЛДП
4. Ѓорѓе Иванов – ВМРО ДПМНЕ
5. Љубе Бошкоски – независен кандидат
6. Агрон Буџаки – ДУИ
7. Љубомир Фрчковски – СДСМ
Право на глас на претстојните претсаделски избори имаат – 1.792.082 избирачи, запишани во Единствениот избирачки список.
На претстјните избори граласчите ќе бидат евидентирани во два избирачки списоци. Вториот е за локалните избори, а тие при остварувањето на своето граѓанско право на гласачкото место ќе треба да се изјаснат дали ќе гласаат за претседател и за градоначалник и членови на Советот или само за едната одното вторите листи. Од ДИК појаснуваат дека гласачот за тоа мора да одлучи при своето прво доаѓање на избирачкото место, бидејќи подоцна тој нема право да гласа за листата за која евентуално не се изјаснил претходно.
На локалните избори во Охрид, граѓаните на 73 гласачки места ќе избираат градоначалник помеѓу 6 кандидати:
1.Васви Доко – Нова Демократија
2.Боро Павлоски -ЛДП
3.Кирил Трендафилов – Нанче – ВМРО ДПМНЕ
4.Томе Гиноски -ВМРО НП
5.Александар Петрески – СДСМ
6.Ацо Попоски -НСДП
Покрај за градоначалник граѓаните на Охрид ќе одлучуваат и за 23 членови на градскиот Совет, за што конкурираат 12 попитички партии и седум листи на група граѓани.
„Ohridnews“ со внимание ќе ги следи локалните и претседателските избори 2009. Информацииите за активностите на политичките субјекти вклучени во кампањата ќе бидат презентирани во рубриката „ИЗБОРИ 2009“, како и во специјално креирана потстрана на електронскиот весник во која ќе бидат поместени сите инфорнмации поврзани со изборната кампања.
Ви обрнуваме внимание дека почнувајќи од денеска 02.03.2009 г. – понеделник, „Ohridnews“ ќе започне со објавување на серијалот интервјуа со кандидатите за градоначалник на Охрид. Интервјуата ќе се емитуваат во наредните шест дена според редоследот кој кандидатите го имаат на гласачкото ливче.











