
Коалицијата за подобра Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ по традиција изборниот карван ќе го започне од Охрид, со митинг кој вечерва ќе се одржи на градскиот плоштад, а ќе ја заврши во Струмица.
Коалицијата „Сонце“ предводена од СДСМ, кампањата ја започнува во Штип, а ќе ја заврши во Куманово.
Најголемите албански паритии предизборната кампања ќе ја отворат со конвенции. ДУИ ќе стартува од Скопје, а ДПА од Гостивар.
Предизборната кампања ќе трае до 30 мај, а предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 1 јуни. Мониторинг на изборите ќе врши Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) при ОБСЕ, а со 3500 волонтери изборите ќе ги набљудува и граѓанската асоција МОСТ.
Ohridnews согласно правилата, професионално и избалансирано ќе ги следи предизборните случувања. Освен настаните од поширок јавен интерес и партиските настапи во градот, кои ќе бидат третирани во дневните вести, останатите информации за активностите на политичките парртии, соопштенија, огласи, реклами и други комерцијални содржини ќе бидат презентирани во посебната рубрика „Избори 2008“ која стартува од денеска. За условите на комерцијалната презентација сите заинтересирани политички субјекти можат да не контактираат на e-mail адресата [email protected].
ohridnews












