Денес во хотелот „Инекс Горица“ започнува конференцијата на тема „Научени лекции од операции и вежби извршени од EADRCC“, на која ќе се обратат министерот за одбрана на Република Македонија, Талат Џафери, и амбасадорот Стивен Еванс, помошник на генералниот секретар за операции.

Инаку, конференцијата се реализира во организација на Центарот за управување со кризи и Министерството за одбрана. Настанот ќе трае до 17-ти октомври.

OhridNews