Од денеска за учениците од основните и средните училишта започнува летниот распуст кој ќе трае до 1 септември. Истовремено денеска завршува и екстерното тестирање кое започна на 2 јуни.
Во учебната 2013/2014 година настава следеа над 200 илјади основци и средношколци, а околу 20.800 деца за првпат седнаа во училишните клупи.
Со крајот на учебната година се заокружува и годинашното екстерно тестирање со кое беа опфатени вкупно 189.037 ученици од четврто одделение во основно образование до трета година во средно образование, како и 18.126 наставници во 680 основни и средни училишта.
Годинава за првпат еден месец пред полагањето беа јавно објавени прашањата за екстерното тестирање.
OhridNews
Извор:„МИА“