Летото на северната Земјина полутопка календарски почнува денеска во 12:51 часот, иако временската прогноза не предвидува летни темепратури.

Во исто време за жителите на јужната Земјина полутопка почнува зимата. Земјата ќе биде најдалеку од Сонцето на 4 јули во 02 часот.

Денеска денот ќе биде најдолг, а ноќта најкратка. Сонцето денес изгрева во 04:52 часот, а ќе зајде во 20:27 часот.

На првиот ден од летото, денот ќе трае 15 часа и 35 минути, а ноќта осум часа и 25 минути.

OhridNews