Од денеска до 6-ти јуни 2014 година Охрид ќе биде домаќин на Меѓународната манифестација за дегустација на тутун и тутунски преработки „ИТТА-ОХРИД 2014“.

На тридневниот настан, покрај претставници од Македонија, ќе присуствуваат и претставници од Србија, Хрватска, Црна Гора, Бугарија, БиХ, Германија, Турција, Индија, Грција и од други земји. Според најавите на настанот, ќе бидат претставени над 30 претпријатија со повеќе од 60 тутуни и тутунски преработки за оценување.

За учесниците на манифестацијата организаторите имаат обезбедено медиумска поддршка од релевантниот интернационален магазин „Тhe Tobacco Journal International“, како и соработка со Меѓународниот саем „ИНТЕРТАБАК“-Дортмунд, кој е еден од најголемите саеми во светот специјализиран за тутун и тутунски производи. Исто така ќе биде изработен и магазин во којшто ќе биде прикажан настанот и сите негови учесници. Ова издание ќе биде испечатено во 10.000 примероци и ќе биде дистрибуирано на секој посетител на саемот во Дортмунд.

OhridNews