Со ѕвучни екипи и конкуренција како никогаш до сега ќе започне најмасовното клупско натпреварува на стариот континент Лигата на Европа.

Вкупно 48 екипи поделени во 12 групи ќе се борат за бод повеќе и пласман во нокаут фазата. Осум екипи кои ќе отпаднат од Лигата на Шампиони ќе им се приклучат во елиминациските натпревари и дури тогаш започнуваат вистинските возбудувања.

Македонија годинава нема свој преставник, а минатата сезона во фазата по групи учествуваше Вардар. Најблиску од македонските клубови беше Шкендија, но тетовчани не успеаја го минат Розенборг кој беше последна пречка.

Термините остануваат исти како и во дуелите од ЛШ. Дел од натпреварите се играат во 18 часот и 55 минути, а дел точно во 21 часот.

Двојки:

Група А: АЕК Ларнака – Цирих (21ч), Лудогорец – Баер Леверкузен

Група Б: Селтик – Розенборг, Лајпциг – Салцбург

Група Ц: Копенхаген – Зенит, Славија Прага – Бордо

Група Д: Динамо Загреб – Фенербахче, Спартак Трнава – Андерлехт

Група Е: Арсенал – Ворскла, Спортинг – Карабах

Група Ф: Дуделанж – Милан, Олимпијакос – Реал Бетис

Група Г: Рапид Виена – Спартак Москва (18:55ч), Виљареал – Глазгов Ренџерс (18:55ч)

Група Х: Лацио – Аполон Лимасол, Олимпик Марсеј – Ајнтрахт Франкфурт

Група И: Бешикташ – Сарпзборг, Генк – Малмо

Група Ј: Акхираспорт – Краснодар,  Севилја – Стандард Лиеж

Група К: Динамо Киев – Астана, Рен – Јаблонец

Група Л: ПАОК – Челси, Види – БАТЕ Борисов

OhridNews