Во организација на Црвен крст Охрид, а со подршка на волонтерите на Мировен корпус Македонија, започнува нов пролетен циклус од едукативната програма Час за приказни на англиски јазик за деца на возраст од 4 -7 години.

Волонтерите-предавачи од Црвен крст Охрид и Американскиот мировен корпус, во текот на наредните месеци, на забавен и интерактивен начин, преку приказни, песни, уметност и вежби и пред се- користење на англиска литература за деца, ќе го надградуваат и зајакнуваат знаењето на англискиот јазик. Ќе се поттикнуваат и развиваат нови креативни вештин кај децата, ќе ја развиваат емоционалната сигурност, како и хуманоста и солидарноста уште од најмала возраст.

Поради големата заинтересираност за програмата, родителите треба да пополнат пријава, лично, во просториите на Црвен крст Охрид, секој работен ден од 9-16 ч, најдоцна 1-ви февруари 2013 година.

OhridNews