Со дербито на источната конференција помеѓу актулениот шампион Кливленд и Њујорк ќе започне новата сезоната вкупно 71-та во НБА лигата.


Годинава како и минатите години наназад ќе се натпреваруваат 30 екипи поделени во две конференции источна и западна.

Титулата сезонава ја брани Кливленд предводен од Леброн Џејмс во составот кој лани беше избран за МВП во финалната серија.

Сезонава, НБА лигата ќе биде без некои препознатливи кошаркарки кои оставија силен белег во професионалната кошарка. На паркетот ширум Америка ќе ги нема Тим Данкан и Кевин Гарнет и некогашниот прв пик на драфтот Елтон Бренд.

Последна своја сезона во НБА лигата најавија Пол Пирс кој заедно со веќе пензионираниот Гарнет освоија титулата во тимот на Бостон.

Покрај овој мечот меѓу Кливленд – Њујорк ќе се одиграат уште Портланд – Јута и Голден Стејт – Сан Антонио.

OhridNews