Од оваа среда (18 октомври) започнува петтата сезона од добро познатите студентски журки во “Шила“.

И оваа година поради ограничениот капацитет и големиот интерес пожелно е резервациите да се направат час поскоро.

“Изминативе четири сезони ги одбележавме со навистина одлични журки со домашни и странски диxџеи и бендови. Всушност, сѐ започна како концепт на интернационални студентски забави на студенти од целиот свет од кои дел студираат во Охрид, а дел се организирани групи кои ги реализираат своите апсолвентски екскурзии низ Балканов“ – велат од менаџерскиот тим.

“Среда повторно ќе сјае со урбан шмек“ порачуваат од “Шила“ и продолжуваат во остварување на визијата за враќање на градскиот сјај на охридскиот ноќен живот.

Повеќе информации може да се најдат на линкот од самиот настан.

OhridNews