На отворањето на Поетската ноќ во Велестово, во тремот на црквата “Успение на Св. Богородица” ќе биде поставена и изложба на академскиот сликар Јане Бакрески-Бакре. Промотор ќе биде д-р. Иван Заров-византолог.
Според програмата, утре, ќе се одржат интернационални поетски читања “Глобално поетско село” со учество на француско-сирискиот поет Марам ал-Масри, турскиот Ерол Туфан и српскиот поет Миљурко Вукадиновиќ.
Годинешната Поетска ноќ во Велестово ќе заврши со македонско-израелски музичко-поетски перформанс на Ронит Бергман & УНДОНЕ и со изложба на постери од Гоце Спасовски во Домот на културата.