Со прикажување на филмот „Родители“ вечерва во 20 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, ќе започне програмата од десетото издание на „Фестивалот на новиот германски филм“, кој се организира под покровителство на Германската амбасада во Република Македонија.

Во рамки на филмската програма програма, које е предвидена за Охрид, во недела на 19-ти октомври ќе биде прикажана комедијата „Фак ју Гете“, а во понеделник на 20-ти октомври ќе има проекција на филмот „Паркот на среќата“. За крај на програмата, на 21-ви октомври ќе се прикажува документарниот филм „Германија од горе“.

Освен за возрасните, германскиот филмски фестивал има предвидено и програма и за деца, во чии што рамки на 19-ти и 20-ти октомври со почеток во 11 часот ќе биде прикажан филмот „Рики“.

Влезот за сите филмски промоции е слободен.

Освен во Охрид, филмски проекции од гермснакиот филмски фестивал, ќе бидат прикажани и во Скопје, Тетово, Битола, Велес, Прилеп, Струмица, Штип, Кавадарци и Куманово.

OhridNews