Во амфитеатарот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“,  денеска во 12 часот започнува третиот 24-часовен маратон во програмирање, Codefest.

 
Учесниците ќе можат да се докажуваат во програмирање на било која Мицрософт платформа, а целта е на едно место да се соберат сите ентузијасти кои со своите продукти ќе парираат на пазарот.

Иницијатори на маратонот се студентите Јасна Тренгоска, Александар Митревски и Вилијам Асиама, а нивните очекувања се дека од него ќе произлезат практично употребливи апликации.

Ментори и оценувачи на настанот ќе бидат професионални дизајнери и програмери, кои ќе ги следат натпреварувачите во различни аспекти.  Исто така, ќе се оценуваат повеќе елементи, како дизајн, интеграција на платформи, искористливост на функционалности и слично. Оценките ќе се доделуваат на крајот од маратонот, а за најдобрите се предвидени и вредни награди, благодарение на големиот број спонзорства кои студентите ги добија.

Инаку, на овој програмерски маратон пријавени се околу 90-тина нтпреварувачи .

OhridNews