Денеска точно напладне на плоштадот во Охрид ќе започне ќе започне културно уметничката програма за прослава на Денот на рибарите.
На малиот плоштадот ќе биде изложен риболовен алат, а ќе се подготвува и два и пол тона рибна чорба. Годинава за подготовка на рибната чорба ќе се погрижи реномираниот хотел и ресторан „Тино“.
-Со задоволство се приклучуваме во одбележувањето на богојавленските празници. Годинава во чест на кумовите Жељко Јоксимовиќ и Зоран Милески, кој инаку е наш голем пријател, хотел – ресторан „Тино“ ќе ја приготви рибната чорба која традиционално ќе се сервира во центарот на Охрид, изјавија за OhridNews од хотел – ресторан „Тино“.
Според најавите, капењето на рибарите и скокањето по бурињата со вино ќе се одржи во 14 часот со што се заокружува годинешната празнична програма.
OhridNews












