Во организација на Здружението „Пријатели на образованието“ денеска во Струга започнува Едуконференцијата за наставници и информатичари 2015.
Станува збор за прва конференција од ваков вид што се организира во Република Македонија, на која ќе се презенитраат примери од наставата кои се препознати како ефективни, корисни и интересни. Конференцијата е наменета на сите наставници и студенти – идни наставници, за да им помогне во развивањето и подобрувањето на организациските и комуникативните методско – дидактичките способности. Учесниците ќе имаат можност да ги слушнат предавањата на експертите од земјата и странство кои се истакнати и признати во педагошките и информатичките области.

Здружението „Пријатели на образованието“ е здружение на наставници, професори и ИКТ експерти чија основна цел е обезбедување на квалитетна и креативна наставна пракса. Здружението е отворено за соработка за сите поединци, просветно-образовни, научни и други организации со слични приоритетни дејности како и здруженија, фондации и организации кои активно работат на афирмација и подобрување на процесот на поучување и учење.
OhridNews











