Започнува првата фаза од мега-проектот за реконструкција и замена на главната водоводна мрежа од азбестни цевки во Струга.

Почеток на активностите ќе биде означен утре каде е најавено и обраќање на првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.

Овој капитален проект, финансиран од Министерството за животна средина и просторно планирање, предвидува инвестиција од околу 90 милиони денари (1,5 милиони евра) во првата фаза. Целта е подобрување на хигиенските услови и заштитата на јавното здравје, преку целосна елиминација на ризикот од азбестните цевки во градскиот водоводен систем, посочуваат.

Проектот, појаснуваат од Министерството, опфаќа реконструкција на главната улица и 13 краци, во вкупна должина од 6,2 километри, со предвидено времетраење од 12 месеци.

OhridNews