Тур оператори, хотели и туристички агенции од земјава и регионот ќе учествуваат на 4-от Меѓународен саем за туризам  „Скопје травел маркет 2014“ што од денес  до 12-ти април ќе се одржи во Скопје.

Според најавите, на оваа туристичка манифестацијата ќе се претстават 60 директни учесници од Македонија, Србија, Турција, Бугарија, Албанија, Словенија, туристички агенции, хотели, тур оператори, општини и градови од земјава и регинот, здруженија, културно – уметнички друштва и комори.

-Првпат на овој саем ќе биде промовиран туризмот на екстремни спортови, тоа се параглајдинг, планинарење, велосипедизам, нуркање, мон бајк и јавање коњи, а ќе се направат и промоции на туристички дестинации од Македонија, регионот и пошироко, информираат организаторите.

Покровител на саемот е Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, која заедно со Националниот ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“, во рамки на семот ќе го промовира проектот „Најголемо оро во светот“, со што ќе се направи обид да влезе во Гинисовата книга на рекорди.

OhridNews