Ккао што информира владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев, се очекува лабораторијата да биде ставена во функција во текот на 2013 година.
При реализацијата на проектот ќе се направат измени на законите за управа за јавни приходи и за даночна постапка, со што прецизно ќе се дефинира нејзината улога во системот, функциите и делокругот на работа. Информатичко форензичката лабораторија ќе биде организирана во рамки на Управата за јавни приходи, односно во Генералниот даночен инспекторат, како посебен оддел во рамките на инспекторатот за специјални контроли.