Започнуваат свеченостите за одбележување на Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј. Денес во 18 часот во предворјето на црквата Св. Софија СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ со културно – уметничка програма ќе го одбележи патрониот празник.
Утре во 09.30 часот продолжуваат чествувањата со панихида и фолклорен концерт во Домот на култура „Св.Кирил и Методиј“- Кошишта.
Централна свеченост ќе се одржи во 12 часот со полагање свежо цвеќе пред монументалниот споменик на Св. Кирил и Методиј и доделување награди за најдобрите ученици од општинските основни и средни училишта кои постигнале значајни резултати на регионални, државни и меѓународни натпревари пред споменик на Свети Кирил и Методиј во градскиот парк.
Програмата се заокружува во 19 часот во црквата Св. Софија со концерт на учениците од ОМУ „Методи Патче“ во класата на м-р Даниел Чуркоски и младата охридска пијанистка Викторија Митеска, беседа за свети Кирил и Методиј- прод.д-р Димитар Пандев и изложба на фотографии „Охрид во духот на средниот век“ од Славчо Малезанов.
OhridNews