Учениците од завршните години во средните училишта денес почнуваат да ги полагаат испитите од државната матура.

Матурантите од гимназија, најпрвин ќе го полагаат екстерниот испит по македонски јазик и литература. Утре ќе полагаат интерен испит за училишна матура и завршен испит по македонски јазик и литература.  Во четврток ќе се полагаат екстерните испити по математика, англиски јазик, германски јазик и француски јазик.

Полагањата продолжуваат во понеделник, 20- ти јуни.

OhridNews