Започнуваат подготовките за Бадниковата поворка. Пробите ќе се одржуваат секоја сабота почнувајќи од 13.12.2025 година во 12 часот во спортската сала на ООУ Христо Узунов во Охрид.

Сите заинтересирани кои сакаат да учестуваат на поворката подетални информации можат да добијат на телефонскиот број 078/271-793 и на фејсбук страницата Бадникови поворки Охрид.

Најмили деца на Охрид и околината со радост ве очекуваме во што поголем број, велат организаторите.

Поворката на која секоја година учествуваат неколку стотини дечиња, традиционално, се одржува со дефиле низ улиците на градот и пристигнување на плоштадот „Св.Климент Охридски“, каде ќе биде поставена Божиќна пештера која го наговестува денот на Христовото раѓање.

OhridNews