Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ денеска организира упис за нови членови во ансамблот за народни песни и игри „БИСЕРИ“, балетското студио за модерен и класичен балет, школата за стандарден, латино американски и диско игри, детското драмско студио и младинска театарска сцена и детскиот хор.
Центарот за култура врши упис и на нови членови во мешаниот градски хор, женската пејачка група „АХРИДА“, женската пејачка група „ОХРИДСКИ ДЕВОЈКИ“ и за машкиот камерен хор, што ќе се одржи на 17.09.2009 (четврток) во 20:00 часот.











